Реал ќе биде активен во јануари: Ултиматум до Иско и листа со четири желби за засилувања!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид ќе биде активен во јануарскиот преоден рок, па ќе се обиде да донесе напаѓач, откако најпрво ќе ја реши ситуацијта со Иско, кој кажа дека зимава не сака да замине од шпанскиот гигант.

Реал има друга идеја. Тие наводно му поставиле ултиматум на Иско да стане посериозен и да ослабе, како и да престане да шири негативна атмосфера, инаку ќе биде продаден во јануари.

Од друга страна, „кралевите“ итно бараат нов напаѓач, а на листата со желби се наоѓаат пет имиња.

Прва желба е Мауро Икарди, но тоа изгледа нереално, совен ако претседателот Флорентино Перез не плати некоја луда сума. Втора желба е Криштоф Пјатек, иако многумина се песимисти дека ќе успее во шпанската Ла Лига.

Две реални опции постојат, но дефинитивно не се по желба на навивачите, Љоренте од Тотнем би бил само резерва, а втората опција е Бас Дост, кој вреди 20 милиони евра.