Револуција во Јувентус: Стигнува играч за врска


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Јувентус ќе задржи само неколку играчи во средниот ред.

    Според медиумите во наредните 2 преодни рокови Јувентус има намера да го смени редот за врска.

    На излезни врати ќе бидат Лемин, Стураро и Асамоа, а веќе е обезбеден Витсел.

    Белгиецот потврди дека ќе дојде во Јуве, а дали во јануари или во лето како слободен играч, тоа зависи од Зенит.

    Но, тоа не е се.

    Јувентус преговара со Реал за Џејмс Родригез. Тој наводно сака да се пресели во Торино, а тој би дошол оваа зима на позајмица.

    Но тоа не е се, прва мета останува Верати. Со неговиот агент веќе се преговара, а најголем проблем се односите со ПСЖ по случајот „Коман“.

    Верати нема ништо против да се врати во Италија, а Алегри верува дека во тандем со Пјаниќ би ја освоиле ЛШ.

    Единствени сигурни за наредната сезона се Пјаниќ и Маркизио од средниот ред, а што се однесува до Кедира, тој имаше премногу повреди, па најверојатно ќе замине.

    Од останатите играчи единствено Лихштајнер го напушта клубот, а замена за него би можел да биде млад играч кој ќе му биде конкуренција на Дани Алвеш.