Реконструкција во Интер: Доаѓаат 4 „Ѓаволи“ во јануари?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Според медиумите во Италија, новиот тренер на Интер би можел да добие голема помош во вториот дел од сезоната.

    Моментално се наоѓаат на 9-то место во Серија А, па јасно е дека во јануари мора да има сериозни промени.

    Тимот на прв поглед е добар, но ќе мора да има измени, а главен продавач во јануари би можел да биде Јунајтед.

    Веќе е познато дека Интер е заинтересиран за Дармијан, а со него во Милано може да тргнат уште 3 играчи.

    Наводно на мета на Интер се Дармијан и Депај, како и Блинд и Смолинг.

    Мурињо е како Интер, подготвен да го менува тимот во Манчестер, а наводно има „отпишано“ 8 фудбалери, меѓу кои се и споменатите играчи.

    Што се однесува до Депај, Интер ќе имаат голема конкуренција, бидејќи Роналд Куман сака да го види во Евертон овој играч.

    Во Интер сепак веруваат дека имаат предност во однос на било која конкуренција, бидејќи се во добри односи со Мурињо.