ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Баерн Минхен и Рибери наскоро би требало да потпишат продолжување на договорот за една година.
Францускиот реномиран весник, „L`equipe“ објави дека Франк Рибери и Баерн Минхен се согласиле со сите услови за продолжување на соработата.
Договорот би се продолжил само на една година, односно до летото 2018. година, кога 33-годишниот играч ќе стане и слободен играч.
Тоа би била 11. сезона на Рибери во Баерн, каде што пристигна во 2007. година, а според истиот извор му се подготвува плата од 14 милиони евра.