Рог и официјално пристигна на позајмица во Севиља…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Севиља денес официјално потврди дека се завршени преговорите со Наполи и дека Марко Рог ќе нстапува во шпанскиот клуб до крајот на оваа сезона како позајмен играч. На крајот Севиља ќе има можност да го откупи договорот на овој 23-годишен фудбалер.

Рог во дресот на овој клуб би можел да дебитира веќе утре, кога Севиља ќе игра на гости против Барселона во реванш мечот од четвртфиналето во Купот на Кралевите. Рог оваа сезона во дресот на Наполи одигра 11 натпревари и постигна еден погодок.

Се прослави во дресот на Вараждин, а потоа играше кратко за Сплит. Сепак, летото 2016. година доаѓа во Динамо каде како тинејџер добива шанса во првиот тим. По одличните игри за Хрватска на ЕП 2016. година, потпиша за Наполи.