„Розберг заслужи титула“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Ферари, Себастијан Фетел изјави дека неговиот сонародник Нико Розберг сосема заслужено ја освоил титулата.

    „Не можете да освоите титула на среќа. Нико ја заслужи титулата, во текот на цела година возеше добро и собираше поени. Понекогаш можеби имаше малку среќа, но сепак не можете да земете титула само поради среќа.“

    Фетел изјави дека тоа е многу важно за германскиот спорт.

    „Важно е кога имате светски шампион во било што. По Шумахер и мене, важно е да се чува таа традиција и да се знае дека Германија секогаш има добри возачи.“