Рома договори замена за Алисон


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шведскиот интернационален голман, Робин Олсен утре ќе пристигне во Италија каде ќе го финализира неговиот трансфер од Копехнаген во Рома.

Римската волчица на клубот од Данска ќе му исплати 12 милиони евра за услугите на Олсен кој беше стандарден во репрезентацијата на Шведска на неодамна завршениот Мундијал во Русија.

Олсен на „Олимпико“ пристигнува како замена за Алисон Бекер кој пред неколку дена направи рекорден трансфер  и за 72.5 милиони евра се пресели во редовите на Ливерпул.