Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Рома успешно ја отворија новата сезона во Серија А откако ја совладаа незгодната Аталанта со 1:0.
Јунак на гостинскиот тим беше новото засилување, Александар Коларов кој официјалното деби за „Волчицата“ го зачини со погодок.
Српскиот интернационалец го постигна единствениот погодок на натпреварот во 31. минута. Коларов со неверојатен шут од околу 20 метри од слободен удар ја смести топката во голот на домаќините.
Дуелот во Бергамо инаку не донесе многу изненадувања, а домаќините и покрај што имаа посед на топката и иницијатива, сепак не стигнаа да го изедначат резултатот.
Aleksandar Kolarov’s sneaky free-kick on his Roma debut. #SerieA pic.twitter.com/fEGwolfXtH
— P (@BielsaBall) August 20, 2017