Рома и го враќа дефанзивецот на Барселона!

Томас Вермален дефинитивно ќе ја напушти Рома на крајот од оваа сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Овој фудбалер не се снајде во Рома, дојде како позајмен од Барселона, се повреди и одигра се на се 4 натпревари во дресот на Рома.

Во последните 3 сезони има само 18 официјални натпревари во 3 клуба, сето тоа е само знак колку повредите влијаат на него.

Рома има опција со која може да го откупи неговиот договор, но најверојатно тоа нема да се случи.