Рома не запира, доведе уште едно засилување (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот од  одбраната на Ленс, Вилијам Бианда пристигна во Италија и утре ќе ги има медицинските прегледи пред да го комплетира трансферот во редовите на Рома.

18 годишниот фудбалер на „Олимпико“ пристигнува во трансфер вреден пет милиони евра, а се очекува утре во 8:00 часот наутро да ги помине неопходните прегледи во „Вила Стјуарт“ клиниката во Рим.

Бианда потекнува од школата на Ленс, а е стандарден член на репрезентацијата на Франција до 18 години.

Со италијанскиот клуб младиот фудбалер ќе потпише петгодишен договор, но не се очекува веднаш да добие шанса во првиот тим.