До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Торино Синиша Михајловиќ после победата против Рома (3:1) изјави дека неговите избраници ја пружија најдобрата партија во сезоната и дека триумфот можеше да биде уште поубедлив.
„Видов на теренот 11 бикови“, сликовито опиша Михајловиќ со јасна алузија на прекарот на клубот.
Тој посебно ја апострофираше одличната игра во нападот.
„Дадовме три гола, имавме статива и уште пет чисти шанси. Од друга страна Рома покажа малку. Видовме колку ни значи враќањето на Белоти. Тој постигна пет гола на три меча и промаши два пенали. Тоа доволно зборува“.
Неизбежна тема беше и Франческо Тоти, кој постигна 250 голови во Серија А, два дена пред 40-тиот роденден.
„Го ангажиравме Харт поради неговото искуство, ентузијазам, тимски дух. Пред да дојде, разговарав со него, со цел да го сфати нашиот тимски дух. Тој е одлично момче и голем професиналец, одличен голман со голема харизма. Неговото присуство на теренот дава на остатокот на екипата поголема самодоверба“, објасни Михајловиќ.
На крајот, се наврати и на 250-гол на Тоти во Серија А.
„Пред мечот се пошегувавме во врска со вечерата која ми ја должи и сигурен сум дека ќе ме извести…Мило ми е што стадионот го поздрави со овации денеска, беше тоа вистински дочек за играч од светска класа. Тоти е еден од најдобрите играчи на сите времиња и се надева мдека тој никогаш нема да престане да игра“, заклучи Миха.















