Рома носи шокантно засилување од Јувентус, се распрашува и за играч на Милан


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Рома наводно се распрашувала за услугите на Хуан Квадрадо од редовите на Јувентус кој веројатно ќе падне во втор план по доаѓањето на Роналдо во Торино.

Утрово излезе шпекулација дека од Рома ќе го бараат и Леон Бејли од Баер Леверкузен, но за нив поисплатлива варијанта би бил Квадрадо кој веќе има искуство зад себе со играње во Серија А.

Во текот на денешниот ден било дискутирано и за продолжување на соработката со Алесандро Флоренци откако неговиот агент Алесандро Лучи има средба со претставниците на Рома. На оваа средба било зборувано и за можноста на „Олимпико“ да пристигне уште еден негов агент, Сусо.