Рома прави тим за Скудетото, Мончи пред потпис со уште еден фудбалер


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


По пристигнувањето на стоперот на Порто, Иван Маркано и одличниот Брајан Кристанте, во Рим пристигнува уште еден одличен играч.

Џастин Клајверт е фудбалер на Ајакс и син на легендарниот Патрик Клајверт, па се очекува наскоро да потпише договор со „волчицата“.

Договорот меѓу двата клубови е постигнат, а Холанѓанецот ќе ја чини Рома 15 милиони евра, плус пет за бонуси и процент од следната продажба.

Играчот има 18 години, а веќе втора сезона е стандарден во Ајакс. Медиумите го селеа во Јунајтед, но и Барселона, но Клајверт сакал да замине во Италија.