Роналдињо: Кога ги видов играчите во Примера, знаев дека ќе успеам!

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо призна дека веднаш по пристигнувањето од ПСЖ во Барселона сфатил дека ќе успее во Примера.

„Во Лига 1 се игра повеќе физички фудбал, а имаше многу играчи од Африка додека во Примера играта беше од технички карактер. Кога пристигнав во Шпанија и ги видов физичките слабости на играчите, знаев дека ќе успеам“, кажа Роналдињо.

Бразилецот во својата кариера има играно уште за Гремио, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетаро.