Роналдо го најави реваншот со Атлетико: Тие се силен тим, но ние ќе се обидеме да победиме!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е подготвен за реваншот во Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид. Португалската ѕвезда зборуваше за телевизијата на Јувентус пред дуелот против шпанскиот тим.

„Старата дама“ брка негатива од 0-2 од првиот меч, па ќе се обиде во Торино да го изненади шпанскиот клуб и да се пласира во четвртфиналето.

„Тимот е свесен дека игра одличен меч, огромен, а што се однесува до мене, јас сум сконцентриран на теренот. За овие натпревари се живее“, вели Роналдо.

Роналдо не зборуваше многу за медиумите, откако пристигна од Реал Мадрид, а овојпат направи атмосфера пред големиот спектакл во елитното европско натпреварување.

„Тие се силен тим, тоа сите го знаат. Добро се бранат, не ризикуваат и играат на против напади. Но, ние сме подготвени и ќе се обидеме да победиме. Мал детал ќе го реши мечот. Фудбалот е чуден, никој не очекуваше да изгубиме во првиот меч, но тоа може да се случи“, објасни Португалецот.