До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот англиски напаѓач, Хари Кејн веќе подолго време се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид.
Наводно од таборот на „Кралевите“ се подготвени да издвојат над 200 милиони евра за да ги обезбедат услугите на репрезентативецот на Англија.
Но медиумите во Шпанија, тврдат дека Роналдо не би сакал да го види Кејн во својот тим. Според тврдењата на „Даирио Гол“ Португалецот повеќе го посакувал Левандовски кој исто така се поврзува со Реал Мадрид.
Доаѓањето на Кејн би ја загрозило популарноста на Роналдо во клубот, нешто што воопшто не му одговара бидејќи Португалецот се уште сака да биде прва ѕвезда на клубот.















