Роналдо останува без ордените поради затајувањето на данок


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо доби два ордени, најпрво во 2014, а потоа и во 2016 година. На него му припадна „Орденот на големиот крст“.

Носителот на таквите ордени се согласува достојно да ја претставува Португалија во текот на животот и секогаш да покажува дека го заслужил тоа.

Меѓутоа, по законот, ако заработи затворска казна од 36 месеци, му се одземаат ордените, а Роналдо беше осуден на 23 условно.

Португалските медиуми пишуваат дека одлукат аќе ја донесе претседателот на Португалија, а во моментов е почнат процесот. Доколку се покаже дека е виновен, тогаш ќе мора барем еден од ордените да го врати.