Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо втопат во клупската кариера успеа во три првенствени натпревари да запише погодок и асистенција.
Тој синоќа беше меѓу најдобрите играчи во победата на Јувентус над Фросиноне од 3:0.
Прво во 6. минута му асистираше на Дибала за водство на Јувентус, а во 63. минута на асистенција на Манџукиќ ги постави конечните 3:0.
Натпреварот против Фросиноне беше трет во низа во првенството каде Роналдо запишал барем еден погодок и една асистенција.
Португалецот на 2. февруари против Парма постигна два погодоци и една асистенција. Потоа, неколку дена подоцна против Сасуоло запиша две асистенции и еден погодок. Својата форма ја потврди синоќа против Фросиноне со по еден погодок и асистенција.
Роналдо овој подвиг, пред вчерашниот, успеа да го направи само еднаш и тоа во 2014. година. Тогаш за Реал Мадрид, постигнуваше погодоци и асистираше против Гранада, Рајо Валекано и Ејбар.
Тој моментално е прв стрелец во Серија А со 19 постигнати погодоци, три повеќе од Запата.