Роналдо повторно најави дека заминува од Реал


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо, сака да го напушти Реал Мадрид. Таа вест им ја соопштил на соиграчите веднаш по финалето во Лигата на шампиони против Ливерпул.

Шпанските медиуми пишуваат дека Роналдо ниту пред финалето не ја криел желбата да го напушти клубот.

За Роналдо се заинтересирани ПСЖ и Манчестер јунајтед. А, бидејќи кажа дека сака да соработува со Жозе Мурињо, „црвените ѓаволи“ се фаворити за неговиот потпис.