Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо денеска потпиша нов договор со актуелниот клупски шампион на „стариот континент“.
Еден од најдобрите фудбалери на светот во стадионот „Сантијаго Бернабе“ потпиша нов петгодишен договор со Реал. Тоа исто така значи дека кариерата ќе ја заврши во кралскиот клуб, бидејќи по истекот на овој договор тој ќе има 36 години.
Роналдо со потпишување на овој договор ќе го надмине легендарниот Алфредо ди Стефано, кој во редовите на Реал помина 11 години.
„Посебен ден за мене, многу важен, поради поврзаноста со Реал, клубот кој е во моето срце“, изјави Роналдо по продолжување на договорот.
Вреди да се напомене дека Роналдо во Реал пристигна во 2009. година од Манчестер Јунајтед.