Роналдо „расчисти“ со Манчестер: Португалецот ја продаде вилата, но остана со голема загуба!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер јунајтед веќе со години се надеваат дека Кристијано Роналдо би можел еден ден да се врати на „Олд Трафорд“, но по неговиот најнов потег, такво нешто најверојатно нема да се случи.

Роналдо летоска по девет години го напушти Реал Мадрид и многумина очекуваа да се врати во Јунајтед, но на крајот го избра Јувентус.

Сепак, Роналдо нема намера да се врати во Манчестер, а тоа најдобро го покажа, откако ја продаде својата вила за 3,25 милиони фунти.

Интересно е тоа што Роналдо е во загуба, зашто ја продаде вилата за 645.000 фунти помалку, отколку што ја купи пред 11 години.

Од 2014 година во неа живееше левиот бек на Јунајтед, Лук Шо, кој ја изнајмуваше и месечно плаќаше 7.000 фунти.