Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Милан во јануари би се обидел повторно да го ангажира Цеск Фабрегас, а овојпат подготвува сериозна понуда.
Ова не е првпат Милан да се поврзува со шпанскиот играч, но конезно зимава би можел да го напушти Челси и да се пресели на „Сан Сиро“.
Фабрегас има договор со Челси до крајот на сезоната, па со трансфер во јануари, „сините“ би можеле да добијат барем малку пари за неговата продажба.
Исто така, 31-годишниот Фабрегас не добива голема минутажа ниту кај Маурицио Сари, па сезонава одигра само еден натпревар и тоа во Комјунити Шилд против Манчестер сити.