Руи Фариа си заминува од Јунајтед


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Долгогодишниот асистент на Жозе Мурињо, Руи Фариа ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона.

Ова го објавија од англискиот клуб на својата официјална страна.

Фариа беше асистент на Мурињо повеќе од 15 години, а сега ќе замине во потрага по нов предизвик во кариерата.

„Имав 17 прекрасни години и неверојатни искуства. Како и да е, чувствувам дека е време дека треба да поминам време со моето семејство пред да донесам конечна одлука за нов предизвик во мојот професионален живот“ –коментираше Фариа.

Португалецот беше посочен и како еден од можните наследници на Арсен Венгер на клупата на Арсенал.