Рундевс замина од Келн, на негово место пристигна легендата на Бундеслигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Келн го потврдија трансферот на Клаудио Пизаро кој во тимот доаѓа како слободен играч.

Перуанецот кој последно играше за Вердер Бремен со Келн потпиша договор до крајот на сезоната.

38 годишниот фудбалер зад своето име има 430 настапи во Будеслигата и во тоа време постигна 191 погодок, а запиша и 73 асистенции, па затоа со право може да се каже дека Пизаро е вистинска легенда на германската лига.

Клаудио Пизаро во Келн доаѓа како замена за Артјормс Рундевс кој денес се реши да стави крај на својата кариера. Договорт на Рундевс со клубот истекуваше во 2019 година, но по натпреварот со Арсенал во рамките од Лигата на Европа, Рундевс се пожалил дека тешко дише и веднаш бил подложен на медицински прегледи. Од тогаш  Летонецот не играше за својот клуб, а одлуката ја потврди генералниот директор на Келн, Јорг Шмадке.

„Ја исполнивме желбата на АРтјом. Тој сакаше целата оваа ситуација да биде приватна, ние го почитуваме тоа и нема да коментираме повеќе за случајот. Сакаме да му се заблагодариме на Артјом за настапите во дресот на Келн и да му посакаме се најдобро во иднина“-истакна Шмадке.