Руни „полуде“ поради прашањето на англискиот новинар


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Ниту одличниот натпревар на Вејн Руни против Феенорд, против кого постигна гол и запиша асиетенција, не ги „смири“ англиските новинари кои по натпреварот го налутија Руни.

    Руни се соочува со тежок период во неговата кариера. Покрај тоа што го изгуби стандардното место во првиот тим на Јунајтед и репрезентацијата на Англија, јавноста доби слики каде што Руни е во алкохолизирана состојба во хотелот на репрезентацијата.

    Иако на прес-конференцијата по натпреварот фокусот би требало да биде за високата победа на Јунајтед, Руни доби едно незгодно прашање. Англискиот новинар го праша за „пијанството во хотелот“, со што Руни го изгуби темпераментот.

    Мислам дека навистина е срамота што од мене барате да зборувам за тоа по ваков натпревар. Ме прашувате глупи прашања, кои се врз основа на класична фантазија. Ниту бев пијан, ниту завршив на некоја венчавка“, јасен беше Руни.