Руни со пофалби за Ромелу Лукаку


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Вејн Руни смета дека Ромелу Лукаку е перфектен играч за Манчестер Јунајтед. Руни си замина од „Олд Трафорд“ ова лето а на негово место дојде Ромелу Лукаку од редовите на Евертон во трансфер вреден 75 милиони фунти.

Белгискиот интернационалец досега има постигнато три гола во Премиер Лигата, а погоди и на натпреварот во Скопје против Реал Мадрид, а легендарниот играч на Манчестер Јунајтед смета дека тимот сега е во добри раце.

„За Манчестер Јунајтед тој е перфектен играч. Тој е моќен, брз и силен, а често и постигнува голови. Со сигурност ќе донесе напредок во тимот“- коментираше Руни во интервју за „Ток Спорт“.

Руни кој е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 голови го напушти клубот и се врати во неговиот матичен тим Евертон.

Англичанецот во истото интервју истакна дека Луи ван Гал ќе постигнел поголеми успеси со Манчестер Јунајтед доколку му било дадено дополнително време.