Руни ја изненади јавноста: Играше со Роналдо, Сколс, но за него друг фудбалер е најдобар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Вејн Руни минатата година реши да го напушти Манчестер јунајтед и кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига во дресот на Ди-Си јунајтед.

Руни брзо се вклопи во американскиот тим, па стана лидер на екипата. Напаѓачот не крие дека ужива во Америка, па призна дека сака да остане во клубот и да се обиде да ја освои титулата.

Во интервју за англиските медиуми Руни ја изненади јавноста со својата изјава за тоа кој е најдобар фудбалер со кој играл во кариерата.

„Тоа е Лусијано Акоста со кој настапувам во Ди-Си. Тој е многу млад и талентиран фудбалер. Треба да остане мотивиран и ќе направи голема кариера. Знам екипи кои се заинтересирани за него и треба да оди само напред“, вели Руни.

Акоста има 24 години и во Ди-Си пристигна на почетокот на 2016 година од Бока јуниорс во која ја почна својата кариера.