„Сакам да го уништам Кливленд“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кошаркарот на Голден Стетјт, Дрејмонд Грин сеуште не се помирил со поразот во финалето во НБА лигата минатата сезона.

    Голден Стејт по историскиот регуларен дел во финалето против Кливленд испуштија водство од 3:1.

    Голден Стејт минатото лето се засили со Кевин Дурант додека тие задржаа неколку важни играчи.

    „Сакам да го освоиме Западот, да го победиме секој ривал, а тоа е тешка задача бидејќи има многу добри екипи, а потоа ако дојде Кливленд во финалето, сакам да ги уништам. Не велам дека се радуваме на дуел со нив, долг е патот пред нас, тежок пат, но ако играме повторно во финале, единствено што можам да кажам е тоа дека сакам да ги уништам.“

    Голден Стејт сезоната ја започнаа со 2:1, а Кливленд победи во сите 3 натпревари.