Само 13 голови го делат од бесмртност: Роналдо пред неверојатен рекорд


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кристијано Роналдо во натпреварот против Спортинг успеа да постигне 2 голови. Со тие голови, Роналдо стигна до бројка од вкупно 354 голови во најдобрите 5 лиги и моментално е пласиран на 3-то место на најефикасни играчи  во историјата на фудбалот.

    За да стане фудбалски бесмртен, Роналдо треба да постигне уште 13 голови во Ла Лига. Кога ќе дојде до бројката од 367 голови, Роналдо ќе стане најдобар стрелец во историјата.

    Пред него во моментов се само 2 играчи и тоа Џими Гривс со 366 и Герд Милер со 365 голови.

    Нема сомнеж дека Роналдо порано или подоцна ќе стане рекордер, а за такво нешто му требаат најверојатно уште 10 натпревари во Ла Лига.

    На 4-то место се наоѓа Лео Меси со 321 гол и тој најверојатно еден ден ќе го превземе тронот, со оглед на тоа дека е 2 и пол години помлад од својот конкурент Кристијано Роналдо.