Санчез не побарал да замине од Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Санчез не барал да замине од редовите на Арсенал и се очекува да остане во клубот. Ова го изјави Арсен Венгер на денешната прес конференција која ја имаше клубот во пресрет на предсезонските натпревари во Австралија.

Запрашан дали Санчез го информирал дека сака да замине од клубот, Венгер децидно одговори дека тоа не се случило.

„Сметам дека најлесен начин да менаџираш со играч е кога тој е во последната година од договорот. Во негов интерес е да даде се што може. Никој не знае дали на Санчез ова ќе му биде последна година од договорот затоа што тој може да го продолжи договорот со нас на почетокот на сезонава или во текот на истата“- коментираше Венгер.

Се погласни се шпекулациите кои го поврзуваат Санчез со трансфер во Сити или Баерн Минхен, но исто така се зборува и дека од Арсенал се подготвени да му понудат неделна плата од 400.000 фунти за да го задржат во клубот.