Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси во моментов е на делба на четвртата позиција со Арсенал, а иако на стартот на сезоната беше соопштено дека амбиција на клубот е враќање во Лигата на шампиони, Роман Абрамович нема да биде задоволен додека „сините“ не почнат да освојуваат трофеи.
Тоа што би можело да ги загрижи навивачите на Челси е падот на формата на екипата на тренерот Маурицио Сари, а Италијанецот е познат по тоа што неговата екипа многу често знае да биде под ниво во финишот на сезоната поради замор.
Новинарите на „Кориере дело Спорт“ прецизно пресметаа дека Челси во моментов има еден бод помалку, отколку во исто време минатата сезона под водство на Антонио Конте, кој доби отказ од „Стемфорд бриџ“.
Челси викендов го очекува тежок дуел со Сити, додека „топчиите“ имаат полесен распоред.