Сари на прес-конференција дојде со лаптоп, а потоа објасни што е проблемот во Англија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Сари имаше што да каже на тема ВАР-технологија во Англија. Синоќешниот меч во полуфиналето во Карабао-купот го доби Тотнем со гол од пенал на Хари Кејн.

Челси беше оштетен на „Вембли“, а Сари вниманието на судиите го привлече откако кажа дека треба да научат како да го користат ВАР-системот.

„Кога ВАР-системот беше воведен во Серија А, тоа беше катастрофа. Грешки колку што сакате, но со тек на време тоа се поправи. Во Англија судиите не се подготвени да ја користат технологијата како што треба. Не е проблем тоа што Кејн беше во офсајд при постигнатиот гол, туку тоа што линискиот судија го крена знаменцето и тка им попречи на нашите дефанзивци“, објаснува Сари.

 

View this post on Instagram

 

Maurizio Sarri brought his own laptop to his press conference to prove Harry Kane was offside before the penalty ??

A post shared by SPORTbible (@sportbible) on