Сари потврди дека Азар се уште нема донесено одлука дали дефинитивно ќе остане во Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурисио Сари истакна дека не очекува Еден Азар набрзо да донесе одлука дали ќе остане во клубот и ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2020 година или ќе се реши за трансфер од соништата во Реал Мадрид.

60 годишниот стратег посочи дека Азар се уште нема донесено конечна одлука дали дефинитивно ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.

„Тој се уште нема одлучено дали ќе остане или ќе бара ново искуство во друг клуб. Не ја знам точно ситуацијата, но мислам дека Еден во моментов не го знае финалниот избор“ –коментираше Сари.