Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси во средата доживеа вистински срам на гостувањето кај Борнмут, каде што беше поразен со неверојатни 0-4, по што следуваше бесна реакција од тренерот Маурицио Сари.
Сари по мечот беше лут на своите фудбалери, па ги заклучил во соблекувалната еден час и им држел лекции.
Сепак, најмногу му се налутил на белгискиот фудбалер Еден Азар, кој го прогласил за главен виновник за поразот.
Италијанскиот тренер, според „Телеграф“, го обвинил Азар за тоа што не ги следел движењата на својата екипа и бил незаинтересиран за игра.
Ова дополнително ги загреа шпекулациите дека Азар ќе се пресели во Реал Мадрид, кој би можел да понуди и до 150 милиони евра за неговите услуги.