Се врати и полуд од било кога – Вака Крудели го доживеа пресвртот на Милан!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Милан веќе долго време е во проблеми, па и поради тоа и се помалку сме во можност Тицијано Крудели да го видиме во свој елемент.

    Сепак, во текот и после натпреварот меѓу Милан и Сасуоло и победата на тимот на Монтела од 4:3 после 1:3, најинтересен беше 73-годишниот и најпознат навивач на Росонерите во Италија.

    Крудели беше поприлично тивок на 1:2, а потоа и на 1:3, меѓутоа, како Милан се враќаше во меч, со головите на Бака, Локатели и Палета во период од само осум минути, така и на Крудели скокаше притисокот и неговиот неверојатен дар за целосно да полуде каде и да се најде.

    Нормално, во студиото на италијанската телевизија се навикнаа на вакви сцени години наназад, но долго не сме го виделе Крудели во вакво издание.

    И да, човекот има 73 години, но во некои работи, како што е фудбалот, многумина засекогаш остануваат деца.