Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Радамел Фалкао постигна хет-трик на првенствениот натпревар што Монако денес го одигра против Дижон.
Колумбискиот репрезентативец беше креатор на високата победа од 4:1 на Монако со што потсети на старите времиња кога беше страв и трепет пред противничките голмани.
Фалкао го отвори резултатот уште во третата минута кога од непосредна близина го совлада голманот на Дижон. На 2:0 зголеми Џемерсон кој со прекрасен гол го матираше Рејнет. Радамел Фалкао го постигна својот втор гол на натпреварот во 37. минута откако со фантастичен лоб удар погоди од работ на шеснаесетникот.
Дижон го намали резултатот на 3:1 по само шест минути игра, но тоа беше се од домашниот тим.
Веднаш по стартот на второто полувреме, по одиграни само шест минути, Фалкао го комплетираше својот хет-трик.