Се собира старата дружина: Ѓоковиќ го враќа Бекер во тимот!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


По учеството на турнирите во Монте Карло и Барселона, Новак Ѓоковиќ ја продолжува сезоната во Мадрид, каде што од 6 до 13. мај се игра четврттиот по ред Мастерс во 2018. година.

Ѓоковиќ неодамна во тимот го врати Вајда и кондициониот тренер Фил Грич, а тимот не е комплетен, ако не се врати Борис Бекер.

„Враќањето на Бекер ќе биде разгледувано подоцна, но тоа не е прашање за мене. Борис секогаш беше добар во анализата и имаше натпреварувачки дух“, вели Грич.