Се „тресе“ Италија: Доктори се обвинети за запирањето на срцето на Астори!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Италијанското обвинителство објави дека ја завршило истрагата за Давиде Астори, капитенот на Фиорентина. Италијанците почнале постапка против двајца доктори и наскоро ќе им се суди.

Обвинети се Франческо Стањо, директорот на Интитутот за спортска медицина во Каљари и Џорџо Галанти, директорот на Центарот за спортска медицина во Фиренца.

Тие двајца се одговорни за запирањето на срцето на Астори, зашто ги прекршиле „кардиоваскуларните протоколи при проценка дали може да се занимава со спорт“.

Докторите имале за обврска да го предупредат Астори за сериозноста на неговиот проблем, зашто на анализите било покажано дека има срцеви проблеми и морал да изврши дополнителни тестови, но такво нешто не се случило.

Стањо во 2014 година му дал дозвола на Астори, а Галанти потпишал два сертификати во 2016 и 2017 година и покрај проблемите со здравјето на фудбалерот.

Астори почина на четврти март минатата година, а наскоро се очекува расветлување на целиот случај.