Сега е конечно и официјално: Филипе Луис му кажува збогум на Атлетико Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај Диего Годин, Хуанфран, Кое и сега веќе бившиот капитен Габи беше симбол на Атлетико на Чоло Симеоне. Но, дојде време и Филипе Луис да го напушти Мадрид. Овојпат без повратна карта. Марка денес наведува дека бразилскиот лев бек ги брои последните месеци во тимот на Диего Симеоне, бидејќи „Јорганџиите“ нема да му понудат нов договор.

Актуелниот му истекува на лето, а со оглед на тоа дека Луис има веќе 33 години јасно е дека времето му тече. Диего Симеоне на неговата позиција го има веќе Лукас Ернандез, одлично се прилагоди на местото покрај аутлинијата по заминувањето на стоперот.

Затоа и разделбата со Луис следува. Во клубот е уште од 2010. година кога за 12 милиони евра стигна од Депортиво. Мина една сезона во Челси, но кога ќе го изговориме неговото име Атлетико е првата и единствена асоцијација. Меѓутоа од 1. јануари ќе може слободно да преговара со заинтересираните клубвои.

Ќе ги најде, во тоа нема сомнеж. Изминатото лето го повика и ПСЖ, но понудата стигна 15 дена пред крајот на преодниот рок, па Атлетико немаше време да најде замена и договорот пропадна. Сега Луис во потрага по нов ангажман ќе тргне со чиста папирологија. Не е повеќе во најдобрите години, но сепак тоа е играч кој во сезоните претходно беше во ТОП 3 на својата позиција.