Селта оди на трета среќа: По вторпат ново тренерско име на клупата на шпанскиот прволигаш?!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Селта има нов тренер по низата лоши резултати.

Управата на Селта мораше да реагира по лошите резултати кои ги оствари.

Мигел Кардосо повеќе не е тренер на тимот, серијата лоши резултати ја доведе Селта до само два бода над зоната за испаѓање, па го запали алармот.

Кардосо ќе биде заменет од Фран Ескрива, некогашниот тренер на Вилјареал, Гетафе и Елче.

Интересно е што Селта оваа сезона веќе еднаш направи промена на тренерот, Антонио Мохамед, кој во ноември заработи отказ.