Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со почеток од 16 часот беа одиграни повеќето натпревари од 18. коло од англиската Премиер лига.
Натпреварите донесоа многу возбудувања и неколку неочекувани резултати. Од шест мечеви дури на четири гостите славеа победа, на еден натпревар домаќинот победи, а еден заврши без победник.
Две големи изненадувања во ова коло се поразите на Манчестер Сити и Челси кои беа огромни фаворити. „Граѓаните“ со 3:2 загубија на својот стадион и со овој пораз сега заостануваат четири поени зад лидерот Ливерпул.
Челси пак одигра блед натпревар против некогашниот шампион Лестер и сосема заслужено претрпе пораз од 0:1.
Манчестер Сити- Кристал Палас 2:3
Челси- Лестер 0:1
Борнмут- Брајтон 2:0
Хадерсфилд- Саутемптон 1:3
Вест Хем- Вотфрод 0:2
Њукасл- Фулам 0:0