Сензација во Париз: Дали Ѓоковиќ ќе го изгуби првото место?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Марин Чилиќ успеа да го победи Ѓоковиќ во ¼-финалето на Мастерсот во Париз со 2:0 во сетови.

    Ѓоковиќ во текот на цел турнир играше под голем притисок бидејќи Енди Мареј му „дише во врат“ и сега тој би можел да го изгуби првото место на АТП листата.

    Токму тоа може да се случи бидејќи Ѓоковиќ беше поразен во ¼-финалето.

    Марин играше навистина одлично и сосема заслужено стигна до победата додека Ѓоковиќ играше многу лошо.

    Хрватот го доби првиот сет со 6:4 откако направи 2 брејка, а изгуби 1 гејм на свој сервис.

    Во вториот сет имаше голема борба, а 2-та тенисери направија по еден брејк, па натпреварот на крајот се играше во тај-брејк.

    Таму подобар беше Чилиќ кој беше подобар со 7:2 и се пласираше во ½-финале каде ќе игра против Џон иснер.

    Ѓоковиќ се надева дека Мареј нема да стигне до финалето на овој турнир бидејќи тоа ќе значи дека тој ќе го изгуби првото место на АТП листата.