ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Динамо и Црвена Ѕвезда долго време беа во непријателски односи, а веста дека Динамо е заинтересиран за ѕвездата на тимот од „Маракана“ се прошири како земјотрес.
Имено, Доналд Мичел, играчот од средниот ред на Црвена Ѕвезда по европските натпревари се наоѓа на радарот на Динамо, а најверојатно во јануари ќе се оствари и овој трансфер
Поранешниот млад холандски репрезентативец воодушеви со натпреварите во квалификациите за Лигата на Шампионите каде што го привлече вниманието за многу скаути, а постои голема веројатност дека неговиот следен клуб ќе биде токму Динамо Загреб.
Навивачите на хрватскиот клуб отсекогаш биле противници на доведувањето на фудбалери од Црвена Ѕвезда, па ќе биде интересно да се види нивната реакција доколку овој трансфер се оствари.
Доналд Мичел оваа сезона одигра 18 натпревари за Црвена Ѕвезда и постигна четири гола, а постојат гласини дека главната причина зошто овој 27-годишен фудблаер сака да ја напушти „Мараката“ е тоа што Црвена Ѕвезда постигна европски неуспех оваа сезона.