Сепак ќе има спектакл: Џошуа го дозна името на новиот противник


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Пред неколку дена Владимир Кличко се повлече од натпреварот против Антони Џошуа за титулата во тешка категорија.

    Натпреварот помешу Кличко и Џошуа се чекаше неколку години, но Украинецот најде начин да ја избегне оваа борба. Овој натпревар е откажат откако тимот на Кличко изјави дека борецот има проблеми со повреда.

    Но сепак денес ИБФ објави дека натпреварот за нов шампион во тешка категорија ќе се оддржи на 10-ти декември во Манчестер, а Џошуа за противник ќе го има Ерик Молина.

    Џошуа сеуште нема пораз додека 34-годишниот Молина има 3 порази во своите 28 борби.

    „Среќен сум што се е подготвено за 10 декември и сега ќе се фокусирам на подготовките. Имаше многу шпекулации за тоа кој ќе биде мој противник, но мислам дека Молина можеби е најдобар избор во моментов.“