Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пет Кеш, познат австралиски тенисер, изјави дека верува дека причина за падот на Вилијамс од врвот е поради тоа што нема повеќе психичка предност во однос на ривалките.
Втора сезона по ред, Серена одлучи да ја заврши сезоната веднаш по УС Опен.
Од почетокот на сезоната, Серене не играше како претходните години, а Кеш смета дека една од причините за тоа е фактот дека го намалила бројот на турнири кои учествува.
„Ја изгуби психичката острина, во тоа нема сомнеж. Тенисерките мислат дека можат да победуваат. Во последните години таа губеше натпревари во 3 сетови. Верувам дека причина за тоа е што не игра доволно натпревари. Ако не играте голем број натпревари под притисок, нема да можете да се борите со притисокот.“