„Сеуште немаме направено ништо!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Алегри предупредува дека Јувентус сеуште ништо не направил, но во ред е да се биде среќен, но и дека треба да се остане цврсто на земја.

Јувентус ја победи Барселона со 3:0, а реваншот се игра на 19 април.

„На половина пат сме, уште 45 денови останаа до крајот на сезоната. Во овој момент сеуште не сме го осигурале Скудетото, купот на Италија или ½-финале во ЛШ. Натпреварот ни даде многу самодоверба против Барселона, но свесни сме дека можеме уште повеќе.“

„Во ред е да се биде среќен, но треба да останеме цврсто на земја.“

„Барселона му даде 6 голови на ПСЖ, па така знаеме дека ќе биде комплицирана средба. Како што кажав и вчера, мора да ја искористиме нашата предност, но и слабоста на Барселона.“