До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал конечно стигнаа до победа и тоа убедлива против Вотфорд (3:0) на својот „Емирати“ стадион.
„Топчиите“ стигнаа до водство уште во осмата минута, а стрелец на голот беше Шкодран Мустафи.
За вториот гол се чекаше до 60. минута кога проработи новото дуо Микитаријан- Обамејанг. Ерменецот одлично асистираше до Габонецот кој без проблем ја смести топката зад грбот на Карнезис.
Во 77 минута истите играчи повторно беа во центарот на вниманието само со променети улоги, овој пат Обамејанг асистираше, а Микитаријан ја погоди мрежата на Вотфорд за конечни 3:0.















