Симеоне го боцна Португалецот пред дербито: Модриќ е поважен од Роналдо


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Менаџерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне смета дека исходот од градското дерби против Реал повеќе ќе влијае од играчите од средниот ред, отколку од напаѓачите.

    Атлетико заостанува шест бода зад Реал, кој последен пат ќе гостува на „Висенте Калдерон“, бидејќи на крајот од сезоната тие ќе се преселат на друг стадион.

    „Многу повеќе потенцијал за решавање на ситуациите донесуваат играчи како Иниеста, Коке и Модриќ, отколку Гризман или Роналдо. Тие ја приближуваат ситуацијата да победиш. Модриќ успева да ја спои одбранбената работа со напаѓачите“, изјави Симеоне.

    Атлетико и Реал вечерва од 20:45 ќе се сретнат за прв пат од мај и финалето во Лигата на Шампионтие во Милан, каде што подобар беше „кралскиот“ клуб.