Симона Халеп – Ме болеа колената, тешко се движев


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Симона Халеп е првиот фаворит кој беше елиминиран на Австралијан Опен, подобра од неа беше Шелби Роџерс во два сетови на Род Лејвер Арена.

Романката и дозволи на противничката дури 11 брејк топки, а тоа и донесе 4 брејка и пласман во 2-та рунда на Грен Слемот.

„Таа играше одлично, мене ме болеа колената. Ми беше тешко да се движам, посебно во вториот сет, но таа заслужи да победи. Беше агресивна, силно го удираше топчето. Јас се трудев, пиев лекови против инфекција пред натпреварот, но тоа не помогна. Со притисокот и болка не можев да победам во натпреварот.“

Таа изјави дека болките во колената започнале на последниот турнир во 2016-та во Сингапур.

„Во текот на меѓусезоната бев во ред, не чувствував болка, но по Сингапур болките се зголемија.“