Синот на Клинсман се прослави во дебито за Херта

Германскиот стратег синоќа можеше да биде горд затоа што неговиот син го имаше своето официјално деби за Херта Берлин.

20 годишниот Џонатан Клинсман е голман, а во Херта е од почетокот на оваа сезона. На вчерашниот натпревар против Остерундс младиот Клинсман успеа да одбрани пенал на три минути пред крајот на натпреварот.

Џонатан Клинсман е роден во 1997 година во Калифорнија, а до сега настапувал само за јуниорските тимови на САД.